Скопјанец паднал во бесознание по физички напад во угостителски објект

Министерството за внатрешни работи информираше дека, ноќеска по добиена пријава во СВР Скопје дека во угостителски објект во населба Илинден има нарушен јавен ред и мир и има едно лице со повреди, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.

Според пријавеното, З.И.(42) од с.Марино со тврд предмет го удрил М.Т.(25) и истиот паднал во безсознание по што со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

По наредба на јавен обвинител З.И. е задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од полицијата.