
42-годишен пробиштипјанец ноќеска пријавил дека на паркинг простор во општина Аеродром бил физички нападнат од 37-годишен скопјанец.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска (15.12.2025) околу 02:25 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(42) од Пробиштип пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од О.А.(37) од Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.