Скопјанец нападнат со пиштол пред сместувачки објект во Ѓорче, бил со девојката

Инцидент во скопско Ѓорче пред полноќ Момче кое било со својата девојка било нападнато пред сместувачки објект, а добил и закани со пиштол. 

- На 14.02.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, О.А.(31) од с.Сарај, скопско, пријави дека на 13.02.2026 околу 23:20 часот пред  сместувачки објект на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, додека бил со неговата девојка, две лица му се доближиле, по што едно од лицата физички го нападнало и му се заканило и со пиштол, информираат од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.