Скопјанец нападнат на паркинг пред маркет во Аеродром

56 годишен жител на Скопје, синоќа пријавил во Полициската станица Аеродром, дека бил физички нападнат од едно лице. 

Нападот се случил на паркинг пред маркет на подрачјето на Аеродром. 

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.