Скопјанец нападнат и однесен во угостителски објект од каде избегал

Министерството за внатрешни работи информораше дека вчера во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.И.(35) од с.Никуштак, кумановско, Б.И.(20) и Р.И.(27) двајцата од с.Арачиново, скопско, постапувајќи по пријава на Т.Б.(42) од Скопје.

- Според пријавеното, по претходно недоразбирање во сообраќајот околу 10.20 часот на подрачје на Бит Пазар, Р.И., кој бил заедно со Б.И. и Р.И., а имал и остар предмет, физички го нападнал Т.Б., а потоа без негова согласност го однеле во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, од каде успеал да побегне, информираат од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.