
Утринава во 05:40 часот во СВР Скопје, 34-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 00:50 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 32-годишна партнерка од Скопје, која употребила и тврд предмет.
Од МВР исто така информираат пак, 32-годишната жена пријавила дека околу 00:50 часот во дом на нејзиниот 34-годишен партнер, по претходна расправија, физички ја нападнал, при што употребил тврд предмет.
Од таму посочија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.