Скопјанец измамил тетовец за 750 евра, му ветил возило од Германија

Скопјанец измамил тетовец за сума од 750 евра. Го излажал дека ќе му донесе возило од Германија, но тоа не го сторил. 

- На 14.10.2024 во 10.00 часот во СВР Тетово, 45-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од А.Л.(44) од Скопје за сума од 750 евра. Според пријавеното, на 24.08.2024 А.Л., сопственик на правен субјект од Скопје, го довел во заблуда и му ветил дека за еден месец ќе му изврши транспорт на патничко возило од Сојузна Република Германија, а тој за услугата му ги дал парите. Откако поминал договорениот термин и не му било донесено возилото, сфатил дека е измамен, соопштија од полицијата за овој случај. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.