Скопјанец физички нападнат во Карпош, друг на паркинг во Ѓорче

Двајца скопјани вчера биле нападнати, во одделни случаи, на подрачјето на Скопје. 

- На 13.05.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, С.А.(43) од Скопје пријавил дека околу 16.45 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Н.П.Р. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР за едниот случај. 

Додека другиот се случил, нешто подоцна, во 15.55 часот кога во СВР Скопје, В.Т.(55) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од М.И.(53) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.