Скопјанец физички ја малтретирал својата мајка, полицијата ја пронашла почината во близина на градската болница

Министерството  за внатрешни работи информираше дека постапувајќи по пријава дека во близина на Градска општа болница „8 Септември“ била пронајдена почината В.М.(59) од Скопје, полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека околу 00.30 часот В.М. била пронајдена со повреди во с.Волково, по што била пренесена во Градска општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош, но самостојно ја напуштила болницата.

По преземени мерки било утврдено дека таа била физички малтретирана од синот П.М., но не сакала да пријави. Истиот ден полициски службеници го лишиле од слобода П.М. 

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.