Скопјанец добил закани со пиштол поради недоразбирање во сообраќајот

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 20.34 часот во Полициската станица Драчево, М.Б.(27) од с.Батинци, скопско, пријавил дека околу 16.20 часот, на патот кон с.Батинци едно лице му се заканувало со пиштол, поради недоразбирање во сообраќајот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.