Скопјанец бесправно градел во Центар Жупа, полицијата му поднесе кривична пријава

Министерството за внатрешни работи информираше дека ОВР Дебар поднело кривична пријава против Г.К.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

- Во текот на 2021 година во атарот на Центар Жупа, пријавениот узурпирал земјиште со вкупна површина од 456 м2 во државна сопственост и на него изградил куќа со што го оштетил буџетот на Република Северна Македонија за 902.880 денари, стои во соопштението од полицијата.