
Триесет и тригодишен скопјанец е приведен откако полицијата при претрес во неговиот дом во скопската населба Кисела Вода пронашла марихуана и дигитална вага со остатоци од дрогата.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена вчера, околу 17:30 часот од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.
При претресот, извршен по претходно обезбедена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со траги од марихуана.
По целосното документирање на случајот, против М.Т. (33) ќе биде поднесен соодветен поднесок.