Скејт натпревар во Охрид

Во Охрид, на 23 јули, на настанот „Free Spirit Day,“ ќе се одржи скејт натпревар како и музички настапи, во склоп на алтернативното културно-забавно лето, во организација на Културолошката иницијатива „5 до 12“.

Скејт натпреварот почнува во 18 часот, а учесниците треба да пристигнат на скејтпаркот од 17 часот за загревање.

„Пријавувањето е задолжително на електронската пријава, за време на настанот нема пријавување. Бројот на учесници е ограничен, а пријавените ќе се натпреваруваат во три категории, момци до 16 години, девојки до 16 години, момци и девојки од 17 години и нагоре“, пишува во најавата.

Сите заинтересирани за натпреварот треба да се пријават на следниов ЛИНК.