Сѐ уште ги избирам луѓето според душата...

Сѐ уште ги избирам луѓето според душата,
а не според работата, статусот или парите.
Искрено, баш ми е гајле за тоа.
Ме интересира душа.
Некого или го чувствувам или не го чувствувам
или ми годи или не ми годи.
Ако не ми годи,
нема што натаму да останувам таму,
без оглед на тоа за кого се работи...
Покрај некого или можам да дишам или се тргнувам на страна.
А душите се чувствуваат,
си одат во прегратка едни кон други,
се препознаваат...
Затоа сѐ правам раководејќи се според душата,
така и живеам
воден од внатрешното чувство.
Кој треба да е тука е тука,
кој не е, сам си заминува.
Кога ќе стигнеш до тоа, си стигнал до најважното
Си стигнал до себеси
и чувството за живот
и јасно знаеш што те храни, а што те троши.
Затоа сакам да сум одмор за душата на луѓето
и ги сакам оние кои се тоа за мене.
Тоа се моите пријатели
Тоа се моите браќа
Во кои будам најубави чувства
и тие во мене.
Сѐ останато ме заморува, исцрпува
и му служи на егото за да покаже како јас не знам нешто.
Но, на душата не ѝ е гајле за тоа.
Таа сака да љуби, прегрнува, фантазира и да се радува
Да се смести удобно и да ѝ биде убаво
Затоа душата ми е толку важна
и со луѓето имам или таков однос, душевен и вистински
или никаков.
Едноставно не знам поинаку,
ниту пак сакам поинаку.
Во спротивно сакам да се тргнам од сѐ,
да не ми го нарушуваат она што ми е најважно,
а тоа е душевниот мир, кој нема цена.
Затоа душата е одговор на многу работи,
кој знае тоа да го препознае,
совршено знае за што зборувам
и колку е поубаво кога правиш сѐ според душата...

  • Стефан Симиќ