Сѐ што нѐ нервира кај другите луѓе е одраз на лично незадоволство

„Секогаш тргнуваме од себеси. Другите луѓе ги гледаме онака како што ние сакаме и на основа на претходни искуства, а не онакви какви што навистина се.“ – Имануел Кант

Ниската самодоверба не му дозволува на човекот објективно да ги проценува луѓето околу себеси. Оваа појава се нарекува негативна проекција и таа е заштитен механизам со кој на другите луѓе им ги припишуваме сопствените недостатоци и слабости. Наместо да ги прифатиме сите негативни карактеристики, чувства и околности, ние им ги припишуваме на луѓето околу нас, затоа што тоа е секогаш полесно. Со системот на негативна проекција, ние се штитиме себеси. 

За да се ослободиме од оваа навика, неопходна е работа на личен развој и поставување јасни граници помеѓу она што е реално и она што самите им го припишуваме на другите. Така се надминува конфликтот кој постои во нас. 

Заштитните механизми работат во корист на егото

Ние ги проектираме нашите недостатоци на другите за да ја одржиме позитивната визија за себеси. Самодовербата и заштитните механизми играат главна улога во заштита на егото. Тие одбранбени механизми на егото се стратегии кои потсвесно ги користиме за да ја одржиме позитивната перцепција за себеси. Човечкиот мозок развил различни начини за да се одбрани од она што може да биде преболно или неприфатливо. Тие механизми нѐ штитат од признавање на негативните аспекти на нашата личност. Проблемот настанува во моментот кога овие механизми стануваат автоматизирани, па почнуваме секојдневно да ги користиме. На овој начин ја нарушувате реалноста под влијание на сопственото его, а тоа никогаш нема позитивен исход. 

Она што го забележуваме кај другите кажува многу за нас

Околината е огледало на состојбата на нашата душа. Она што го гледаме во другите луѓе е само одраз на нашата душевна состојба. Кога ќе почнеме да мислиме дека сите околу нас се полни со омраза, завист и останати негативни карактеристики, време да го преиспитаме сопствениот живот и мисли. Кога ќе почнеме непотребно да ги критикуваме другите луѓе, веројатно на тој начин се критикуваме себеси.

„Сѐ што ве нервира кај другите луѓе е само одраз на вашите сопствени нерешени внатрешни проблеми.“ - Буда