Сите од Вевчани - Малолетник и шест лица уапсени низ Скопје за дрога

Шест лица и еден малолетник се уапсени изминатата ноќ на различни локации низ Скопје. Причината е поседување дрога. 

- На 15/16.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(42), Е.А.(49), М.Т.(44), Џ.И.(47), М.Б.(22), А.С.(21) и малолетник, сите од Скопје и малолетник од општина Вевчани, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела материја, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.