Сите карактеристики на жената родена во знакот Рак

Жената родена во овој знак е згодна, меланхолична и со длабоки очи. Речиси ниту еден знак нема така сонувачки и таинствени очи како неа.

Оваа жена е повлечена, мирна и нежна. За неа, најголемата инспирација е во вечерните часови кога таа е во домот. Сонувањето и фантазирањето се секогаш присутни во нејзиниот живот. Жената Рак има многу променливо расположение, бидејќи нејзина владетелка е Месечината. Некогаш е пресреќна, ведра и радосна, а потоа темна и тажна. 

Добри страни

Жената Рак е лојална и посветена пријателка и партнерка. Со неа нема игри, нема двоумење и таа секогаш знае што сака. Знае да биде традиционална и да посака мир и дружења во интимна атмосфера во домот, каде може да биде своја. Начинот на кој таа се изразува е мирен и спокоен и веднаш знаете дека можете да и верувате. 

Има силно чувство за етика и морал и е водена од вредности кои се ретки во нашето општество. 

Лоши страни

Таа е склона кон чести промени во расположението, а многу и е тешко да објасни зошто се чувствува така бидејќи некогаш е едноставно обземена од длабоките чувства. Најчесто е интровертна, но знае да биде и егоцентрична и своеглава. Во поголеми друштва кога некој не се однесува според нејзините очекувања, таа може да си донесе суд дека не ја сака таа личност и потоа да не и даде никаков пристап во нејзиниот живот. 

Некои жени родени во овој знак знаат да бидат емотивни манипулатори бидејќи сметат дека емоциите се моќно оружје против другите. Некогаш знаат да бидат несигурни па во таквите ситуации, имаат измешани емоции и знаат да се однесуваат чудно и неразбирливо. Знаат да бидат и претерано самокритични особено кога нивното расположение е лошо и тешко се справуваат со неочекуваните ситуации, промени или препреки. 

Каква е во пријателствата?

Кај неа, сè е поврзано со емоциите. Водена е од интуицијата и длабоките чувства и така ги формира пријателствата. Таа нема огромен круг на пријатели, туку само внимателно одбрани луѓе со кои може да биде своја. Некогаш може да е емотивна, тврдоглава, пасивна и луѓето кои и значат, ја прифаќаат како таква. На почеток, може да е тешко да ја прочитате, но со текот на времето, таа ќе ви стане најдобриот пријател на кој секогаш можете да се потпрете. Таа сака да биде поддршка за оние кои и значат, но подготвена е да помогне секому кому му е потребна помош. 

Таа е лојална и дипломатична и секогаш можете да  и верувате. Не би го трошела своето време со вас, ако не смета дека сте личност која вреди да ја има во својот живот. 

Каква е во љубовта?

Таа е нежна и чувствителна, но и пожртвувана кога сака некого. Не е лесно да ја освоите бидејќи таа бара заштита, емоции и грижа. Освен тоа, очекува да биде разбрана а тоа не е секогаш лесно со нејзиното расположение. 

Ако и значите, таа ќе ви го даде сето внимание на светот, од убави зборови до вкусни јадења. Таа не е фатална заводничка, туку е нежна и исполнета со топлина и сигурност. Интуитивна е, ќе ве разбере и она што не го кажувате. Особено е посветена на домот и семејството и е одличен родител. 

Не е фер да си играте со срцето на оваа девојка бидејќи таа е најпосветената личност која ќе ја сретнете. Кај неа нема ништо плитко и површно. Ако ја изневерите, тоа за неа е како крај на светот. Во тој случај може да стане и одмаздољубива, но откако ќе ги помине тешките денови кога нејзиното расположение е лошо. Не е посесивна и една од оние жени кои ќе ве прифатат такви какви што сте, со сите ваши маани. Нејзината цел не е да ве менува, туку да одржи хармоничен однос. Ако сте искрени кон неа, покрај себе ќе ја имате најдобрата жена на светот.