Сите карактеристики на жената родена во Близнаци

Според астрологијата, ако сте родени во периодот меѓу 21 мај и 20 јуни, вие сте родени во знакот Близнаци.

Близнаците се управувани од Меркур, планетата на комуникацијата. Познатите Близнаци често се сметаат за двојна личност. Иако некои луѓе би рекле дека тие се лицемерни, нестабилни, променливи, сепак Близнаците се карактеризираат со силна интелектуалност, љубопитност и желба за соработка. 

Жените родени во овој знак се адаптабилни и воопшто немаат проблем да се поврзат со другите. Таа често е најзабавната личност во своето друштво, лидерка на работното место и нежна љубовница за својот сакан. Освен тоа, жените Близнаци се динамични, но често знаат да го менуваат расположението и да се однесуваат како да мислат едно, а прават друго. Таа сака големи друштва, гласни места, нови луѓе и патувања. Најдобро си одговара со оние луѓе кои ја сакаат и ценат нејзината непредвидливост и не сметаат дека тоа ја прави како да не може да и се верува.

Оваа жена е управувана од Меркур и е одлична во комуникацијата со другите. Таа лесно може да води разговори на различни теми, а ужива и во давањето совети, но и озборувањето одвреме навреме. Но, жените родени во овој знак уживаат и во длабоките интелектуални разговори на различни теми.

На работното место, тие се одлични во работата во тим, а лесно можат и да ги поведат другите и да создадат одлична атмосфера меѓу различни луѓе. Одлична е во сферите поврзани со право, маркетинг, продажба и организација на настани.

Добри страни

Оваа жена е нежна со другите. Таа е адаптабилна и спонтана и секогаш фокусирана на сегашниот момент. Таа не размислува премногу за минатото и иднината и често на другите тоа е нешто што највеќе им се допаѓа. Нејзината смеа е заразна, а начинот на кој комуницира со другите предизвикува восхит кај нив. Таа е многу интелигентна и сака да решава проблеми бидејќи секогаш има многу идеи и информации. Размислува брзо и не чека работите да се решат сами од себе или пак некој друг да преземе иницијатива. 

Таа е како социјална пеперутка, љубопитна и секогаш со интересни прашања за другите луѓе. 

Лоши страни

Некои од лошите страни се поврзани со тоа што жената родена во овој знак нема да се плаши да излаже, односно да каже бела лага за да добие или постигне нешто. Често, жената Близнак е неконзистентна во своите зборови и одлуки, но и во начинот како се поставува кон другите. Може да биде и неодлучна, а и лесно да и се здосади во едно пријателство или врска ако не постојат промени и работите и делуваат досадно.

Освен тоа, жената родена во овој знак има потешкотија во тоа да се отвори и да зборува за тоа како се чувствува. Таа може да даде знаци дека сака да каже нешто или дека е повредена, но по секоја цена ќе го одбегнува разговорот за тоа. Со емоциите, таа се справува преку цинизам и техники кои и помагаат да заборави на работите.

Каква  е во љубовта?

Жената родена во знакот Близнаци обожава да флертува. Таа сака слатки зборови и интелектуални разговори, но не сака лични прашања или притисок. Не сака да се чувствува како некој да ја поседува и сака слобода да биде своја.

Тешко е да се каже колку е лојална, бидејќи тоа зависи од тоа како другата страна ќе се однесува кон неа. Ако е незадоволна во врската, брзо и лесно ќе си замине, без никаква најава. Може да биде прилично брза и динамична и да донесе нагла одлука која ќе ги изненади другите. 

За неа, не е проблем да го направи првиот чекор ако некој и се допаѓа, но иако брзо се заљубува, исто така и брзо се одљубува. Љубовта со неа е лесна и забавна и никогаш здодевна. 

Каква е во пријателствата?

Жената Близнаци е еден од најдобрите пријатели кои можете да ги имате бидејќи со неа секогаш е забавно. Таа сака шеги, често и на своја сметка, но кога ќе се соочите со неволја, таа е одличен слушател. Таа има многу пријатели и често е многу зафатена и на сите страни, но тоа е бидејќи не сака да мирува. 

Има одлична смисла за хумор и леснотија да се поврзе со другите на различни нивоа.