Синоќа со скопско Ѓорче, во населбата Даме Груев се одржа традиционалната Василичарска прослава.
- Под покровителство на Општина Ѓорче Петров, со голема радост ја одбележавме традиционалната Василичарска продлава во населбата Даме Груев. Овој настан беше исполнет со масовно присуство, дух на заедништво и топлина што ја обединува нашата заедница. Со благослов и желби за подобро здравје и успех за сите, го дочекавме овој значаен празник, кој го слави животот, традицијата и иднината, сподели првиот човек на општината Александар Стојкоски.
- Обединети и сплотени, покажавме дека заедно можеме да се радуваме на сите нови успеси, носејќи светлина и оптимизам во нашето секојдневие. Да продолжиме да ја негуваме традицијата и заедно да ја градиме иднината на Општина Ѓорче Петров! - додава тој.