Симптоми на менопауза

Менопаузата е природна појава низ која минува секоја жена кога ќе влезе во одредени години, главно помеѓу 35 и 50. Повеќето жени се неподготвени за појавата на симптомите на овој синдром и се создава паника зашто тоа означува крај на нивната плодност. Иако симптомите се ненадејни и траат одредено време, потполно се природни. Еве некои симптоми што укажуваат на почеток на менопауза.

1. Нередовен циклус

Нередовниот циклус е прв и највообичаен симптом на менопаузата. Тој е резултат од нестабилноста на хормоните на вашето тело, кои работат до крајот на вашата плодност.

2. Топли валунзи

Топли, а понекогаш и ладни валунзи се случуваат одненадеж и предизвикуваат црвенило во лицето. Тоа се случува поради падот на естрогенот.

3. Непријатност при спиењето

Жените кои минуваат низ менопауза можат да страдаат од несоница, затоа што не можат да спијат заради жешките валунзи. Во периодот на менопауза, освен снабдувањето со естроген, опаѓа и снабдувањето со прогестерон.

4. Вагинална сувост

Заради намалувањето на производството на естроген, кој е одговорен за одржување на влажноста на вагината, вагиналното ткиво почнува да се суши и станува помалку еластично.

5. Напнатост и депресија

Чувството на напнатост, изиритираност и депресија можат да ја совладаат жената која минува низ менопауза. Вознемиреност и чувство на губење на емоционалната стабилност се вообичаени симптоми, како и напади на паника и физички знаци, како забрзана работа на срцето и отежнато дишење.

6. Болки во екстремитетите

Заради хормоналната неурамнотеженост екстремитетите полека отекуваат и почнуваат да болат. Меѓутоа, колку е болката позачестена и понеподнослива, треба да се оди на лекар.

7. Хормонална нерамнотежа

Чест симптом на влегување во менопауза е и постоењето на хормонална нерамнотежа која се гледа во промените во растот на косата. Заради намаленото производство на естроген може да дојде и до проретчување или губење на косата.