Симптоми кои предупредуваат дека телото ви е полно со отрови

Во човековиот организам секојдневно се натрупуваат токсини. Ги внесуваме преку исхраната, дури и воздухот, а ги има толку бидејќи поради неправилната исхрана и недоволна физичка активност не можат сами да се исфрлат.

Ова се четирите најчести аларми дека телото ви е преполно со токсини од кои итно мора да се ослободите.

1. Физиолошки потреби

Што почесто одите во тоалет, толку повеќе токсини има во вашиот организам. Сепак, ова не треба да ве исплаши, бидејќи на тој начин се исфрлуваат. Во спротивно, се враќаат во крвотокот и можат да направат големи проблеми. Оние кои имаат проблеми со нередовна столица, треба почесто да пијат вода, чај и пробиотици.

2. Лош здив

Лошиот здив може да биде показател на тоа колку токсини има во вашиот организам. Лошиот здив од уста може да настане поради бактерии, но може да биде и знак на тоа дека вашиот црн дроб и цревата имаат проблеми со исфрлување на отровите. Користете чистач за јазик за да ги елиминирате бактериите кои го прекриваат јазикот, а земајте и свежи билки, како магдонос и коријандер, кои се детоксификатори на црниот дроб.

3. Ви пречат мириси

Ако имате силни реакции на мириси како што се парфеми или чад, може тоа да го предизвикуваат токсините во вашето тело. Кога се патиштата за детоксификација затворени, телото тоа го чувствува па сетилата стануваат изострени и можат да предизвикаат реакции како главоболки и мачнини. 

4. Упорен вишок на килограми

Постојат многу причини за отпор за губење на тежина. „Полудени“ хормони, неправилна исхрана и секако токсини. Токсини како диоксин, ПЦБ и многу пестициди се липофилни, а што значи дека во нашето тело се спојуваат со масни клетки. Кога телото со нив е прептоварено, може да биде невозможно да се симне дополнителната тежина. 

Одбирајте чиста, органска храна, кога тоа е возможно, и погрижете се добро да се испотите, да извршите голема нужда, да го хидрирате организмот, и квалитетно да дишете секој ден.