Симптоми кои покажуваат дека ви недостасува јод во вашето тело

Кога штитната жлезда е здрава, не чувстуваме никакви тегоби, но штом таа ќе престане да работи правилно, се јавуваат симптоми кои често можат да нè збунат.

Јодот е клучен за нејзиното функционирање, бидејќи тој претставува елемент кој помага да се лачат хормоните тироксин и тријодтиронин, кои пак управуваат со целото наше тело. Недостатокот на јод притоа може да влијае лошо на нашето здравје и да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Проблеми со дишењето или отежнато дишење

Овој проблем може да зависи од многу фактори, но често е резултат на зголемената штитна жлезда која претерано работи за да ги произведе гореспоменатите хормони.

Хипотиреоза

Ако штитната жлезда работи преслабо, односно не содржи доволно хормони, станува збор за хипотиреоза. Најчестите симптоми се: замор, прекумерна тежина, паѓање на косата, сува кожа, тврда столица, потечено лице, слабост и болки во мускулите, депресија и губење на помнењето. Луѓето кај кои штитната жлезда работи слабо имаат најмалку два до три од овие симптоми.

Лоша исхрана

Ова не е толку симптом, колку што е причина за лошата состојба на штитната жлезда. Треба да знаеме дека нашата исхрана треба да содржи намирници богати со витамин Б, витамин Ц, железо и антиоксиданти. Освен тоа, одлично е и редовно да се консумира маслиново масло. Од друга страна, храната која треба да ја избегнуваме се зелката, брокулите, спанаќот и храната богата со глутен.