Македонската филхармонија на 2 и 3 ноември беше исполнета до последното место.
Големиот интерес за „Камерен музички десерт“ резултираше со распродадени билети за двата концерта, на кои Трпчески настапи заедно со врвни музичари од неговиот уметнички круг.
Публиката имаше можност да слушне дела од Фредерик Шопен, Едвард Григ, Гијом Конесон, Панде Шахов и Дмитриј Шостакович – композиции од различни епохи и музички правци, обединети во внимателно избрана камерна програма. На сцената со Трпчески настапија виолинистот Александар Краповски, виолончелистот Александар Сомов, кларинетистот Хидан Мамудов и перкусионистот Влатко Нушев, а како гости им се придружија Марина Чадо, Александар Земцов и Ѓорѓи Димчевски.

Со два распродадени концерта и силен аплауз од домашната публика, Симон Трпчески уште еднаш покажа дека неговата светска кариера има посебно место и на сцената дома.

„Камерен музички десерт“ беше повеќе од концертна програма – беше средба со камерната музика како простор за заедништво, комуникација и меѓусебно разбирање.