Подготовките за Детската Евровизија се во тек, објави македонскиот реномиран пијанист Симон Трпчески на социјалните мрежи.
Тој објави фотографии на кои е заедно со тимот автори кој стои позади песната која ќе не претставува на Детската Евровизија, а во изведба на ќерката на Трпчески, Лара.
Автор на стиховите е братот на Симон, Јован Трпчески, а на фотографијата е и Лара, како и продуцентот и композитор, Дарко Димитров, во неговото студио.