Силна експлозија од неисправна плинска боца, едно лице пренесено во болница со тешки повреди

Во куќа сопственост на С.П. од охридското село Велгошти, вчера при испуштење плин од неисправна плинска боца, настанала експлозија.

Притоа, И.С.(58) од Охрид, кој го испуштал плинот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По насоки на Јавен обвинител увид на местото извршија полициски екипи.