Сиљановска Давкова доби честитка од Трамп по повод Денот на независноста на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку објава на социјалните мрежи информираше дека од претседателот на САД, Доналд Трамп добила честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија – 8 Септември.

Таа изразува благодарност за честитките за кои што оценува дека не се само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, туку и причина за нивно унапредување.

„Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас се не само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, справување со меѓународниот криминал и гарантирање траен мир и безбедност, туку и причина за нивно унапредување“, истакна претседателката Сиљновска Давкова во објавата.