Силен земјотрес предмалку ја погоди Грција, почувствуван е и во Македонија

Силен земјотрес со магнитуда од 5.3 степени по Рихтер ја стресе Грција предмалку, или поточно во 19:03 часот по грчко време.

Епицентарот на земјотресот е на 62 километар од Солун, односно на првиот крак на Халкидики.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција информира дека потресот бил почувствуван на повеќе од 300 километри од околу 13 милиони луѓе во Грција, Македонија и Бугарија.

Се уште нема извештаи за повредени или предизвикана материјална штета.