
Државјанин на Шведска пријавил во полиција дека бил ограбен во Градскиот парк во Скопје, каде што неколку малолетни лица му се доближиле, а едно од нив со физичка сила му одзело личен накит.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 10 октомври во 12:00 часот во СВР Скопје, случајот го пријавил 27-годишниот Х.Х.В. од Шведска.
Тој пријавил дека инцидентот се случил околу 02:00 часот, кога во Градскиот парк во Скопје му се доближиле неколку малолетни лица. Потоа, едно од нив со употреба на физичка сила му го одзело личниот накит.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.