Денеска се сечеа дрвја на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, постапка која ги вознемири скопјани, иако градоначалникот на Центар тврди дека стеблата веќе биле исушени и скапани.
Од друга страна пак, на социјалните мрежи се појавуваат фотографии од лице-место на настанот, од стебла кои се видливо здрави, целосни и раззеленети, а сепак се исечени. Од општина Центар соопштија дека по реконструкцијата на улицата, одново ќе бидат засадени јасени.
Сепак, овие објаснувања не им се доволни на граѓаните. Нивните реакции се навистина бурни, а ваквите постапки ги споредуваат со едно друго време, но и сметаат дека дури и да биле исушени и скапани, треба да се најде начин да се заштитат, наместо да се сечат и садат одново.
Шупливи а раззеленети со бујни листови кој кого праи мрднат овде pic.twitter.com/Z3EDFbagLj
— ЛитлПиги oink (@Biktop16) June 10, 2021
Мене ми се пресече душата за вас не знам #дебармаало pic.twitter.com/I5FZg62EvZ
— Dajana Lazarevska (@DiDailyLady) June 10, 2021
Време е да се запрашаме како стигнуваат сите дрва така да се разболат? Има ли некој кој се грижи и ги негува за да не дојде до ситуација да се разболат/исушат до степен да мора да се сечат? И притоа кога се сечат 3 болни дрва, покрај нив обавезно настрадуваат и еден куп здрави!
— македонско девојче| poetic justice (@msoldieroflove) June 10, 2021
Дебар маало со љубов го градеа едно дрво исечи два реда бекатон нареди
*Немаше среќа Македонецот— Pindar (@kurka_32) June 10, 2021
Сите дрва шо ги сече сдсм последниве години се болни. Можда требаше да се погрижат за превенција а не за ампутација ама хеј нема пари у одржување колку шо има у купување ваљда.
— Паблишер (@Publishermkd) June 10, 2021
Навистина верувате дека светлата иднина на Скопје лежи во компаративните анализи на тоа кој градоначалник колку дрва уништил?
— Протестантски Оџа (@galevski) June 10, 2021