Штом ќе сфатите колку вредат вашите чувства, повеќе нема да ги трошите на луѓе на кои ништо не им значат

 

Колку чувства сме потрошиле на луѓе кои не знаеле да ги ценат.

Влеговте во врска со насмевка на лицето, а од друга страна само ладен поглед. Тогаш во првиот момент мислите дека ова студенило кон е прашање на нечиј замор, случајност или сплет на околности и дури потоа после низа насмевки и убави зборови сфаќате дека сето тоа е резултат на ладна личност, личност која не ѝ е важно што чувствувате, а уште помалку ѝ е грижа за наклонетоста што ја покажувате кон неа.

После едно разочарување влегувате во друга врска и работите се повторуваат по некое време, се повторуваат се’ додека не сретнете личност која одлучила да биде силна, личност која поминала низ истото како вас и која знае колку може да биде болно кога некој ви ги игнорира и потценува чувствата.

Но, не размислувајте и не планирајте како да им вратите на тие луѓе.

Научете да ги штедите своите чувства, не ги потиснувајте, но не ги давајте на оние кои се навикнати да ве повредуваат.

Ако луѓето не ја ценат вредноста на вашите чувства кон нив, држете се настрана од нив бидејќи тоа е знак дека ниту тие не го ценат вашето присуство, а кога не го ценат вашето присуство, тоа е знак дека лесно можат да ве повредат. 

Заобиколете ги овие луѓе во широк лак и чувајте ги вашите чувства за оние кои ќе ви возвратат и ќе одговорат на нив.

Научете да бидете одговорни за вашите чувства, бидејќи она што тие го внесуваат во вашиот живот е вредно и важно. Кога чувствувате негативни чувства, дури и целата сила на позитивното размислување нема да ги уништи и не се присилувајте на тоа, повлечете се во тишина и чекајте доволно долго да се смират работите, а потоа донесете ги одлуките што треба да ги донесете.

Кога ќе сфатите колку вредат вашите чувства, повеќе нема да ги трошите на луѓе на кои ништо не им значат, туку ќе уживате во убавината на животот со нив. Тоа не е заради некаква себичност туку заради личниот мир.

~ Марио Жувела