Што треба да очекувате кога ќе почнете врска со девојка која е навикната да биде сама?

Има луѓе кои едноставно се навикнати да бидат сами. Ретко влегуваат во врски и уште поретко се врзуваат. Постои стереотип дека ова најчесто е случај со мажите, но би се изненадиле кога би дознале дека подеднакво важи и за жените.

А кога еднаш човек ќе се навикне на самотијата (што не е исто со осаменост), многу е тешко да се одвикне од навиките кои ги имал додека бил сам и потребно му е време додека се прилагоди на промената и на новата врска.

Доколку влегувате во врска со девојка за која знаете дека долго време била сама, има работи кои треба да ги знаете. 

Очекувајте да прави работи сама и да не ве ни извести, барем на почетокот. Не е дека вие не сте важни, туку едноставно има научено да прави се што сака, кога сака, без да бара дозвола од никого.

Најверојатно ќе сака работите да се движат бавно, затоа што не е навикната на толкаво внимание. Немојте да мислите дека не и се допаѓате. Веројатно многу и се допаѓате, но се тоа е ново за неа.

Очекувајте нејзините пријатели да бидат заштитнички настроени кон неа и на почетокот да се сомневаат во вас. Тие не се навикнати таа да биде со некого и сакаат да бидат сигурни дека вие сте дечко кој што ќе ја третира добро.

Ќе и биде многу тешко да ве остави да правите работи за неа. Трудете се да не го сфаќате ова лично. Таа е навикната сама да се грижи за себе и ќе и биде тешко да живее во свет во кој некој друг прави работи за неа и се грижи за неа.

Очекувајте да биде тврдоглава, секогаш да сака да ги прави работите на свој начин и да го добива тоа што го сака и ќе се расправа ако не го добие тоа. Не и попуштајте секогаш, но понекогаш дозволете и да победи.

Ќе се сомнева во вашите чувства за неа. И понекогаш, на суптилен начин, ќе се труди да види дали тие сомневања се оправдани.

Ќе се штити и ќе биде затворена. Нема лесно да ви дозволи да допрете до неа и до нејзините чувства. Сака да види дали сте трпеливи и дали вредите за да се отвори. Се надева дека вредите.

Очекувајте да се бори со недостатокот доверба кој го чувствува кон сите. Но, секој пат кога ќе ви даде трошка од својата доверба, знајте дека тоа е огромен чекор за неа.

Таа може да изгледа дека е силна, дури и пресилна. Но, не се плашете, тоа е само нејзиниот одбранбен механизам. И кога навистина ќе ја запознаете, ќе видите дека таа е силна, но мека. Јака, но нежна.

Очекувајте да биде резервирана, особено за важните работи. Додека не се отвори. А тогаш ќе ја видите нејзината нескротена, искрена и прекрасна отворена верзија и ќе се заљубите до уши.

Многу бавно ќе ви ги открива нејзините слаби точки и ќе ги крие своите маани. И кога ќе го направи тоа, ќе се чувствува како да е гола.

Очекувајте дека таа нема да има потреба од вас. Но, ќе сака да биде со вас. И кога ќе сака да биде со вас, тоа ќе биде најпрекрасното чувство на свет.

Ќе биде исплашена. Исплашена да не биде повредена, исплашена да сака и да биде сакана. Исплашена дека на крај ќе ја повредите и дека ако и кога тоа ќе се случи, таа неа да знае која била претходно.

Да биде сама е нејзината природна состојба, нејзината комфортна зона. Но, очекувајте да се заљуби побрзо отколку што ќе признае и тоа на начин кој не е гласен, но е моќен. Ќе изгледа како да е рај на земјата. И не е важно дали ќе ја сакате за кратко или за цел живот, нејзината љубов засекогаш ќе ве промени и двајцата.