Што треба да има и да знае секоја жена?

Секоја жена треба да има:

Стара љубов за која ќе си замислува дека може да ѝ се врати.
Една љубов која ќе ја потсетува колку далеку стигнала.
Доволно пари за да се одлучи да живее сама, дури и ако не ѝ е потребно тоа.
Некоја совршена модна кобминација за важен состанок.
Младост за која ќе биде среќна кога ќе ја остави зад себеси.
Доволно сочно минато за кое со насмевка ќе зборува во минатото.
Заштедено малку пари за стари денови.
Добро парче мебел кое таа сама си го купила.
Своја сопствена животна приказна.
Чувство дека самата ја контролира својата судбина.

Секоја жена би требало да знае:

Како да се заљуби, а да не се изгуби.
Како да ја напушти работата, да раскине со партнерот и да им се спротистави на пријателите кога треба.
Како добро да си помине на забава.
Како да го најде она што го бара.
Дека не може да ја промени должината на листовите, ширината на колковите и природата на своите родители.
Дека нејзиното детство не било совршено, но е завршено.
Што треба, а што не треба да прави за љубов.
Како да живее сама, дури и ако не ѝ се допаѓа тоа.
Кому може да верува, кому не и зошто тоа не треба да го сфаќа лично.
Што може и што не може да постигне во еден ден, еден месец и една година.

  • Маја Ангелоу