Што се случува во нашиот мозок додека доживуваме оргазам?

За луѓето сексот е можност да доживеат задоволство, но и да се опуштат и да се наполнат со позитивна енергија. Но, што се случува во нашиот мозок додека доживуваме оргазам?

Со оглед на тоа дека оргазмот е различен за сите луѓе, навистина е невозможно да се даде универзален опис. Едно нешто околу кое сите би се сложиле е тоа дека тоа е неверојатно интензивно и позитивно чувство.

Тоа што е докажано е дека оргазамот предизвикува пријатна внатрешна експлозија која е проследена со контракции на мускулите, промени во пулсот, крвниот притисок и промени во дишењето. Освен тоа, се јавуваат и промени во хормоните и мозочните бранови.

Некои автори споменуваат дека постојат три видови оргазам и тоа: ритмични (кои траат околу 13 секунди), ритмични кои стануваат неправилни (во траење од 50 секунди) и нерегуларни ритмички контракции (во траење од 25 секунди).

Каде го чувствуваме?

Нервите испраќаат сигнали до мозокот и тоа е всушност како и дознаваме дека сме доживеале оргазам. Всушност во тоа се состои и најголемата разлика меѓу 2 оргазми – начинот на кој се стимулираат различни нерви ќе резултира со различни чувства.

Нашиот мозок функционира на нивоа кои не можеме да ги контролираме.

Спроведени се многу истражувања на т.н. центар на мозокот, но како реагира тој не е се уште утврдено, бидејќи кај сите луѓе е навистина различно.

Зошто оргазмот е пријатен?

Дали знаете дека оргазмот и повраќањето се всушност многу слични? Веројатно не би се сложиле со ова, но група фински научници го тврдат токму тоа. Но, што е сличноста меѓу овие две реакции, од кои едната многу пријатна и посакувана, а другата прилично непријатна? Уживањето е предизвикано од хормонот окситоцин, чие лачење е поттикнато од грчењето на мускулите во интимните делови. Всушност, во таквите контракции зависи колку силно ќе уживаме.