Што се случи во Луна паркот во Скопје?

Скопјани се уште ќе мечтаат за Луна парк. Иако градот до пред некоја година го имаше оваа место, денеска истото е фрлено во заборав од многу ветувања. 

Најмладите се уште ќе сонуваат да вакво место во својот град. 

Скопјани со многу спомени, сеќавања, за оваа место. Многу другарување, многу насмевки, првата љубов, првиот бакнеж... 

-Времиња, убави, незаборавни. Секој слободен момент го користевме на одење во Луна паркот. Едвај чекавме родителите да бидат слободни, и тогаш знаевме каде ќе биде нашата прошетка. А кога мама и тато беа зафатени, тука беа баба и дедо. Сепак морам да признаам дека со баба и дедо секогаш беше позабавно. Добивавме плус возење, без многу молење, раскажува Наташа, сеќавајќи се на едни многу убави денови, кои за жал заминале во историја. 

Скопјани се сеќаваат на деновите кога постоеше оној вистинскиот Луна парк во градот. Местото, каде насмевките на децата беа преголеми. Сите беа среќни. Често се случуваше да имаше и по некое плачење, ама се знаеше за што беше тоа, за да се добие по уште едно возење.

На скопјани им останува само да се надеваат дека ветеното, да се изгради нов Луна парк, еден ден ќе се реализира, а местото да стане истото она кое што беше од минатото. Истото она, каде имаше премногу насмевки и среќни лица. 

Надлежните со префрлување на топката од еден на друг. Кој е виновен, што Скопје нема Луна парк? 

Денес се наоѓаме во забавниот парк во Скопје, т.е. познат меѓу граѓаните како Луна парк, и може да се види во каква состојба се наоѓа по четири години негова неработа. Јас можам да кажам што ние сме направиле т.е. јас кога бев градоначалник на Градот Скопје значи ние направивме проект, односно направивме партнерно уредување на забавниот парк и тоа може д се види. А, исто така набавивме седум справи кои што три се адреналински, детски справи, рече Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за „Утрински Брифинг“.

Трајановски додаде дека тие справи се набавени уште во 2017-тата година, кои што за жал можеби лежат во некои магацини и уште најстрашно можеби се плаќа лежарина за нив.

-Од не знам какви причини Шилегов го стопира или го ставил во фиока овој проект иако неколку години тој го буџетирал буџетот на Градот Скопје, може да видите дека има и во 2020-та, имате и во 2021 година. Па Шилегов предвидуваше некој нов концепт бидејќи не му се допаѓал овој концепт, ама ти тоа не може така да правиш на веќе направен проект, проект кој што е готов, проект кој што требаше во 2018 година да биде ставен во функција со овие седум справи. Овие седум справи во цена на набавка влегуваше да се донесат тие справи, да се направи фундаментот затоа што се многу големи тие фундаменти т.е. постољето, да бидат монтирани, и да бидат пуштени во употреба. Јас ви гарантирам дека со сигурност дека овие справи можеше 2018-тата година да проработат, нагласи Трајановски.

Трајановски посочи дека ако проработеше Луна паркот во 2018-тата година ќе можеше да се види и радоста на малите дечиња, кај тинејџерите, односно кај сите граѓани.

-Јас не знам Шилегов како ќе го објасни тоа што тие седум справи се уште лежат по магацини во Градот Скопје, запраша Трајановски