Што ни носи ретроградната Венера во Близнаци? За некои знаци среќа, за други нови пријателства

Венера на 9 април влезе во ретрограден од во Близнаци.

Во овој од, таа се чувствува пријатно бидејќи планетите соработуваат одлично. Добрата страна на овој транзит е поддршката од саканите, лесната  комуникација, тенденција кон подобра соработка и лесно склопување пријателства. Но, лошата страна е во тоа што таа дава површност, плиткост и слатки бели лаги во односите, особено во текот на мај. 

Ваквата Венера ја претставува девојката која го цени интелектуалниот маж, така што оние кои освојуваат со зборови имаат голема предност. Венера во Близнаци носи нова сила на сериозните и не  претерано посесивни врски. 

Од 1 мај, сите оние кои наводно се одрекле од одредени пороци или неверства им следи период на предизвици и искушенија, кои ги враќаат назад. 

Околу 1 јуни дополнителен предизвик ќе биде квадратот со Марс и Риби па одредени врски ќе наидат на препреки и покрај страста која ја имаат. Ќе се чувствуваат како „пуштени од ланец” па можно е дел од луѓето да се залетаат кон незрело заљубување, како и конфузија и флерт. Сепак, почетокот на јули носи стабилизирање на односите и релаксирање. Сепак, можно е да дојде до раскинување и одвојување на оние парови чии односи беа нестабилни, изминатите месеци.