Кога станува збор за долгиот и здрав живот, постојат многу различни фактори кои влијаат на тоа.
Храната и физичката активност се првото нешто што ни паѓа на ум, но огромно влијание имаат и суплементите, квалитетот на сонот, па и самите гени.
Кои фактори се најважни кога станува збор за долговечноста?
Една нова студија има одговор на ова прашање.
Долго време се води дебата околу важноста на генетикските предиспозиции наспроти физичката активност. Но, во истражувањето објавено во Магазинот за физичка активност и стареење е објаснето дека дури и за луѓето кои имаат одлични генетски предиспозиции за долг живот, недостатокот од физичка активност сепак може да има големо влијание на нивниот живот. И во иста насока, ако имаме генетски код со кој би можеле да живееме долг живот, тоа дополнително може да се подобри со редовното практикување физичка активност.
Ова истражување започнало во 2012 година и вклучило 5446 жени од САД. Во период од четири години, односно до 2020 година, учесниците во него биле следени во однос на нивната физичка активност. Она што било забележано е дека долговечноста, но и квалитетот на живот значајно се променил кај оние жени кои редовно пешачеле или се занимавале со друг вид физичка активност.
Добрата вест е дека иако можеби не сте љубители на физичката активност, сепак дневната прошетка од само 20 минути дневно може значително да влијае на вашата добростојба и квалитет на живеење.