Што направил оној кој ви го расипал доброто расположение?

Оној кој ви го расипал доброто расположение придонел кон тоа да ви се зголеми нивото на хемоглобин и адреналин, во периодот додека сте се лутиле. И потоа се намалила придонесувајќи кон тоа да се чувствувате депресивно и уморно. Го натерал вашиот желудник да лачи киселини. Придонел кон згрутчување на капиларите. Ги нарушил процесите на метаболизмот. Се чувствувате претепано. 

Ако сте се ослободиле од таквата личност и сте се потрудиле побрзо да заборавите на тоа, ништо лошо нема да ви се случи. Но, ако долго време трпите такви луѓе околу вас, на долг рок, тоа е опасно и за вашето здравје. 

А оној кој ви го подобрува расположението, без оглед на тоа дали кажал шега или направил нешто за да се чувствувате подобро, тој предизвикал лачење на хормони кои го подобруваат здравјето. Крвните садови се прошируваат, има повеќе проток на кислород во организмот, метаболизмот се подобрува и имунитетот се зацврстува. И животот продолжува. А освен тоа и вие така посакувате да кажете нешто добро и убаво, па и вие некому му го подобрувате расположението. 

Доброто расположение влијае на крвта и на целото здравје. И на договечноста на животот. Доброто расположение треба да се чува. Да се ценат оние кои придонесуваат кон таквото расположение. И да не си дозволуваме лесно да ни се уништува доброто расположение. 

Кога ќе се разбудите наутро, тоа е ново раѓање, нов мал живот – нека почне со добро расположение, со добри вести и мали задоволства!