Што кога ќе кажеме или слушнеме погрешно име за време на сексот?

Дали некогаш сте се нашле во ситуација за време на сексот да го изговорите името на вашиот поранешен партнер? Тоа е една болна ситуација во класичниот партнерски однос и подеднакво ги боли двете страни – онаа што го слуша тоа и онаа што го иговорила тоа.

Тој момент на невнимание во комбинација со збунетиот поглед на оној кој направил грешка и разочараноста на партнерот е сосема оправдана причина за жестока кавга. Но дали е оправдана оваа караница? Дали навистина погрешно изговорено име значи и дека таа личност размислува за некој друг?

Дали тоа навистина треба да биде проблем?

Ако друга личност заталкала во вашите мислите за време на сексот со партнерот, веројатно се чувствувате виновно и размислувате дали треба да бидете целосно искрени и да му кажете на партнерот што се случило или пак тоа мало фантазирање треба да го оставите само за себе.

Одговор на ова прашање се обиде да даде една британска компанија за производство на секси играчки, која заклучи дека за друга личност на време на сексот со партнерот размислуваат 46 проценти од жените и 42 проценти од мажите.

Никој од нас не може да ја контролира својата фантазија. Ако имате голема самоконтрола, па некако успевате да ја контролирате, може да се случи возбудата да спласне и трајно да се намали сексуалното задоволство.

Според сексуалните терапевти, размислувањето за друга личност за време на сексот со партнерот е сосема нормално. Освен, нормално, ако тоа се случува постојано и ако во мислите не ви се појавува некој кон кој гаите подлабоки чивства.

Што се случува во мозокот кога ќе изговориме погрешно име за време на сексот?

Тоа едноставно е начин на кој функционира нашиот мозок и нема никаква врска со сексуалниот нагон кон партнерот.

Реченицата не е до тебе, до мене е - во оваа ситуација навистина има смисла.

Тоа најдобро може да се објасни со Павловиот рефлекс според кој нашиот мозок во момент на задоволство со сличен интензитет ги тера сензорите да се потсетат на претходната емоционална состојба. Кога сте во состојба на еуфорија, предизвикувате работи кои веќе се случиле затоа што сте во ситуација која веќе се случила, објаснуваат докторите.

Со други зборови, ако сте го изговориле името на поранешниот партнер за време на сексот со сегашниот партнер – тоа значи дека тие две ситуации кај вас предизвикале возбуда со ист интензитет. По правило сето тоа може да се случи само со луѓе со кои многу уживате.

Друго истражување покажало дека жените оваа грешка можат да ја направат за време на оргазам кога не се свесни за себе и дека ваквиот кикс не мора да биде лош знак.

Како непријатноста да се сведе на минимум?

Стручните лица сметаат дека во вакви ситуации треба да се направи пауза. Не треба да се игнорираат, туку за тоа треба веднаш да се разговара. Кај едниот партнер има пад на самодовербата а кај другиот напад на паника.

Многу е важно парот длабоко да воздивне, да се смири и веднаш да поразговараат, да се обидат да се разберат еден со друг и да сфатат дека се работи за психофизички нагони кои едноставно не можеме да ги контролираме. Тие немаат врска со срцето колку со мозокот и затоа нема причина за грижа и за преголема драма.