Што ќе се случи кога ќе престанете да трчате по погрешните мажи?

Кога конечно ќе престанете да се загледувате по идиоти, ќе почнете сосема поинаку да гледате на работите. Ќе изгледа како вел да ви се подигнал од пред очите и нема да сфатите зошто воопшто сте си го губеле времето со такви луѓе.

Типовите на мажи кои ве привлекуваат драстично ќе се смени. Како едноставно да сте се разбудиле еден ден и сте сфатиле дека она што порано сте го сакале веќе не е избор за вас.

Постојат неколку работи кои ќе сфатите дека не можете да ги поднесете откако еднаш ќе се освестите.

Нестабилноста и непостојаноста веќе не постојат во вашиот живот

Сте имале доволно нестабилност и непостојаност во вашиот живот и навистина ви е преку глава од сето тоа.

Изговори... кој ги врти изговорите

Сте ги чуле сите изговори и немате желба повеќе да чуете ниту еден изговор.

Манипулатори... СТОП

И премногу време сте потрошиле справувајќи се со машки кои играат игри, па затоа и веднаш ги препознавате и бегате од тоа.

Драма – НЕ, БЛАГОДАРАМ!

Ова е единствената постојаност со таквите машки и дефинитивно немате намера да се замарате со такви работи.

Не знаат да преземат одговорност за ништо!

А вие веќе не прифаќате работи кои и малку наликуваат на неодговорност.

Тие не се способни да водат подлабоки разговори, освен да прашаат: „Што има?“

Вие сакате интелектуални разговори за животот, религијата, цели, амбиции и се што значи нешто за вас или другата страна. Ако не знаат да зборуваат за посериозни теми и вие губите интерес.

Зависност

Секс, пари, дрога, алкохол и се што не е прифатливо ако тие не сакаат да се променат. Има разлика помеѓу тоа некој да сака различен живот и некој да си го отфрлаживотот. Конечно ја знаете разликата.

Не чекате да пораснат

Веќе ви  е преку глава да чекате да пораснат или да ве одберат. Знаете дека постои некој кој е доволно маж и ќе ве најде. Вашите очи се отворени кон сосема нова реалност, реалност која сте требале да ја видите уште пред некое време и сфаќате дека не сакате ништо помалку од маж кој знае како да биде маж.