Што кажува правилото 90/10 и зошто треба да го применувате за посреќен живот?

Ретко што препуштаме на случајот: Во поголемиот дел од времето сами одлучуваме каков ќе ни биде денот. Тоа е она што писателот Стивен Кови го нарекол „Принцип 90/10“ и покажал како функционира користејќи очигледен пример.

Што е правило 90/10?

Работата е во тоа дека ние не можеме да контролираме само 10% од нашиот живот. Не можеме да спречиме некој уред да се расипе или автобусот да задоцни. Но, можеме да ја контролираме нашата реакција на овие работи! 90% од случувањата се само резултат на нашите реакции или поедноставно кажано, она што го правиме додека сме под стрес. Замислете го следното: Доручкувате со семејството. Вашата ќерка случајно ви истура кафе на маицата. Вие скокнувате и почнувате да викате, а потоа на вашиот сопруг или вашата сопруга затоа што го ставиле кафето на работ на масата. Одите до спалната соба да се пресоблечете, но кога се враќате, ја гледате ќерката во солзи, која ниту доручкувала, ниту се подготвила за училиште. И така, на сите им почнал лошо денот. Ќерката доцни во училиште, го пропуштила автобусот. Сопругата/сопругот доцни на работа, затоа што ја носите ќерката до училиште. Доцните, па затоа возите и побрзо. И натаму доцните, а плус сфаќате дека дома сте оставиле важни документи. Целиот ден почнал наопаку и ова не застанува. Одвај чекате да заврши денот. Се враќате дома, и гледате дека сите дома се нерасположени и постои тензија помеѓу вас.

Зошто сте имале лош ден?

  1. Затоа што вашата ќерка го истурила кафето.

  2. Затоа што го пропуштила автобусот и сте морале да ја однесете во училиште.

  3. Затоа што имало гужва и доцневте на работа.

  4. Затоа што погрешно сте реагирале на ситуацијата.

Точниот одговор е последниот. Цел ден сте си го уништиле и на себе и на вашето семејство поради вашата реакција. Не сте можеле да направите ништо во однос на кафето, но сте можеле да ги контролирате вашите чувства. 

А сè можеше да биде поинаку!

Во таков случај како со кафето, вие би требало да кажете: „Во ред е, само биди внимателна следниот пат“. Отидете до спалната соба, пресоблечете се и подгответе се за работа. Потоа поздравете се со саканите и отидете на работа. 

Двете различни сценарија имаат сличен почеток. Работата е во тоа како реагирате на случувањата во вашиот живот. Секако, можете да ги обвинувате другите за вашите неволји и да се жалите што работите тргнале на наопаку, но запрашајте се: Дали некогаш тоа ви помогнало?

Научете правилно да реагирате на работите и никогаш повеќе нема да имате лош или расипан ден во животот. Ако некој ви го пресече патот, оставете го. Не се брзајте, што ако стигнете неколку минути подоцна? Секогаш имајте го на ум правилото 90/10!