Што кажува годишното време во кое сте родени за вас?

 

Дури и ако не верувате во астрологија, сепак неодамнешни истражувања укажуваат на тоа дека има врска помеѓу годишното време во кое сте родени и вашиот карактер. Погледнете и уверете се дали е точно.

Пролет

Родените во пролет имаат т.н хипертимичен темперамент, кој ги прави попозитивни отколку луѓе родени во друго годишно време. Затоа пролетните бебиња често покажуваат оптимизам, лесно го изразуваат својот ентузијазам и не е потребно долго за да се „загрејат“ околу некоја идеја. Поседуваат уметнички талент.

Лето

Луѓето родени во лето имаат т.н циклотимичен темперамент, кој ги прави наклонети кон чести промени на расположението, кои не се секогаш поттикнати од нешто. Понаклонети се кон нервоза од луѓето родени во други годишни времиња, а и се заљубливи по природа. Често менуваат работа и се наклонети кон конфликти.

Есен

На луѓето родени во есен им се припишува рационален и приземјен карактер и обично се многу физички активни, но не се наклонети кон лоши мисли и тешки чувства. 

Зима

Луѓето родени во зима се емотивно најстабилни и најотпорни на емоционални стресови. Се водат според разум и имаат постојаност во ставовите и целите.