Што кажува бојата на очите за мажот?

Кога ќе ви се сретнат погледите, запаметете ја неговата боја на очи и истовремено откријте го неговиот карактер. Обрнете внимание на бојата на неговите очи затоа што таа може да ви даде најдобар увид во тоа што би можеле да очекувате од него.

Сини очи

Пастелни или изразито, интензивни сини. Оваа боја на очи е поврзана со младост и со невиност. Мажите со потемно сини очи се стравствени, а светло сините очи покажуваат помирен карактер. Студиите покажале дека мажите со сини очи се помалку агресивни, но и со понизок степен на самодоверба. Но, синооките мажи се исто така кокетни и со многу добра разработена стратегија. Тоа би можело да значи дека е добар во спортови како што е голф или во други активности кои бараат планирање. Типовите со сини очи преферираат и жени со сини очи.

Кафени очи

Мажите со кафени очи се нежни, полни со самодоверба и чесни. Оваа најчеста боја на очи е поврзана со поголема самодоверба и со одлучност. Така, не е случајност што поголем број од поуспешните и побогатите луѓе на светот имаат кафени очи.

Зелени очи

Оваа боја на очи е далеку поретка од сините и од кафените очи, па затоа мажите со зелени очи се смета дека се многу таинствени. Тие имаат огромна енергија и либидо. Зелените очи укажуваат на спонтаност и фантанзерство, па затоа бидете спремни за импровизиран состанок на место и време каде никогаш не сте очекувале. Но, зеленооките мажи не се сигурни, го обожаваат животот и се воодушевени со сѐ што можат да искусат, затоа периодот на запознавање со нив може да биде комплициран, но никогаш нема да ви биде досадно.

Светло кафени очи

Ова е уште една ретка боја на очи, која може да се менува меѓу зелена и светло кафена, во зависност од дневната светлина, а кај некои мажи бојата се менува во зависност од расположението. Оваа променливост се поврзува со ведрата страна на карактерот, спонтаност и забава, а зелената компонента ја покажува немирната страна на карактерот, но во добро светло. Кафената компонента ги прави овие мажи достапни. Бидете подготвени за авантура затоа што оваа боја на очи покажува љубов кон испробување нови работи и предизвици.