Што е, а што не е љубов?

Љубовта е несебична. Љубовта значи понекогаш да ја ставите другата личност на прво место затоа што знаете дека нивната среќа е ваша среќа. Љубовта значи да се дава, љубовта е добра, љубовта е тука кога ви е потребно рамо за потпирање и кога се смеете толку силно што ви се насолзуваат очите.

Љубовта почитува, љубовта знае кога е доста и кога треба да се смирите. Љубовта е купување лекови кога љубената личност е болна, љубовта е правење појадок кога не им се станува од кревет.

Љубовта е несебична, љубовта е добра и љубовта е полна со надеж.

Љубовта не е себична, љубовта не значи да ја омаловажувате другата страна и љубовта не значи дека треба да мислите само на себе. Љубовта не значи да правите што сакате без да се грижите за другата страна.

Љубовта не се двојни стандарди, љубовта не е да се биде манипулативна личност којашто сака да контолира. Љубовта не е повредување на вашиот партнер само за да се чувствувате подобро во врска со себеси.

Љубовта не е непочитување на границите и желбите на вашиот партнер.

Не може да велите дека сакате некој ако не го почитувате.

Ако навистина сакате некого, нема да го повредите.

Љубовта е несебична и значи дека некогаш ќе правите работи кои не ви се омилени, но сепак ќе ги правите затоа што знаете дека ќе го направат вашиот партнер среќен. Љубовта е да ги цените сите работи кои вашиот партнер ги прави за вас.

Љубовта значи правење жртви и од двете страни. Љубовта не е еднонасочна улица. Љубовта е прифаќање на одредена личност. И добрите и лошите страни. Љубовта значи да ги љубиме оние со кои сме и во добри и лоши времиња и да не дозволиме сами да се справуваат со тешките времиња, колку и да е тоа комплицирано. Љубовта значи да се бориме за нив, дури и кога се обидуваат да не оттргнат од себеси затоа што не сакаат да ги видиме кога се ранливи.

Љубовта значи да ги прифатиме нашите љубени такви какви што се и да не се обидуваме да ги промениме и да ги ставаме во шаблонот кој ние сакаме да го создадеме.

Љубовта е трпелива и полна со разбирање и забавна. Повеќе од се, љубовта е забавна и значи заедно да растеме со другата личност.

Љубовта е несебична, љубовта не прави да изгледаме како будали и не не’ повредува.

Љубовта е кога се надополнуваме едни со други. Љубовта е покажување и гордеење со успесите на нашите љубени и давање поддршка. Љубовта е заедничко смеење кога едниот ќе направи некоја глупост, љубовта е бришење на солзите кога нешто лошо ќе се случи и љубовта значи да дозволиме да не зближат добрите и лошите моменти.

Тоа е несебичност и тоа е љубов.