Што е љубов?

Ова прашање е многу често поставувано, насекаде. Во обидот еднаш засекогаш да се даде одговор на ваквото прашање, британскиот весник Guardian се обиде да ги собере луѓето од областа на науката, психотерапијата, литературата, религијата и филозофијата.

Еве ги нивните одговори.

Џим Ал Калили (физичар) :Љубовта е хемија.

Билошки гледано, љубовта е моќна невролошка состојба како гладта и жедта, која трае подолго. Зборуваме за слепа и безусловна љубов над која немаме никаква контрола. Тоа не изненадува, бидејќи љубовта во својата основа е хемија. Додека страста е сексуална желба со одреден рок на траење, вистинската љубов со себе повлекува цела низа на реакции во мозокот – феромон, допамин, серотонин, окситоцин. Меѓутоа, од еволутивна перспектива, љубовта може да се набљудува како алатка за опстанок на човечкиот вид кој ни помага да одржуваме долгорочни односи и ги воспитуваме децата.

Филипа Пери (психотерапевт) : Љубовта доаѓа во различни облици

За разлика од нас, луѓето во старо време немале само едно име за различните емоции. Денес ние тоа го нарекуваме љубов, но претходно секоја емоција имала свое име. На пример , ерос - кога станува збор за сексуална љубов илиагапе- кога станува збор за најчист облик на љубовта. Сето тоа е љубов, но невозможно е да се очекува сите можни облици на љубовта да бидат исполнети од една личност.

Јулиан Багини (филозоф) :Љубовта е страсна посветеност

Невозможно е да се даде одговор на прашањето „што е љубов“, бидејќи љубовта не е единствена работа. Љубовта за родителите, партнерите, децата, пријателите, државата, Бог..сето тоа  е љубов со различни квалитети, но секоја од нив има свои видови – слепа, едностастрана, трагична, упорна, возвратена итн. Но, во своето најдобро издание, љубота е наша одлука односно страсна посветеност на одреден однос кој го негуваме и развиваме. Затоа, љубовта е многу повеќе од чувство. Таа е страсна посветеност.

Џоџо Мојес (писател) : Љубовта е двигател на светот

Што е љубовта, за виси од тоа каков е нашиот статус. Доколку сте сигурни во љубовта, таа ви е потребна како воздух. Доколку ја немате, таа е опсесија која боли. Љубовта е двигател на сите приказни – не само оние романтичните. Највеќе фасцинира онаа точка пред љубовта, кога работите се неизвесни и полни со исчекување.