Што добиваат победниците на Евровизија после победата?

Дали некогаш сте се запрашале што добиваат евровизиските победници откако ќе бидат прогласени?

Многу фестивали со натпреварувачки карактер им носат на победниците некаква материјална добивка, парична награда, песна, албум или повеќегодишна соработка со одредена продукција. 

Но, тоа не е концептот на Евровизија. 

Овој фестивал, иако е своевиден натпревар меѓу земјите-учеснички, всушност не носи никаква материјална награда, освен статуетката од кристал, во форма на микрофон. 

Победниците добиваат шанса да се промовираат себе како изведувачи пред цела Европа, но и низ светот, знаејќи дека Евровизија се пренесува и во земји кои не се дел од Европа, ниту од EBU, ниту пак на каков било начин имаат можност да учествуваат. 

Од друга страна, многупати сме посведочиле дека некогаш учествуваат светски познати имиња кои не се квалификуваат во финале, или пак остануваат на дното на табелата. Некогаш победникот е музички дебитант, на кој победата му е единствено достигнување во кариерата. Постојат и оние на кои победата на Евровизија им донела светска популарност и голема заработка од настапи. 

Но, тоа е единственото што го добиваат - промоција и наклонетост од страна на публиката.