Што да правите кога врската ви е во криза?

Кризата во врските е нешто сосема неизбежно. Не можете да избегате од нив колку и да се трудите. Колку и да сме вљубени во личноста со којашто сме, има моменти кога и двајцата заљубени си одат на нерви, кога едноставно има дупки во комуникација и кога врската се поместува од своите стабилни нозе.

Што да се прави тогаш?

Машкиот начин на справување со работите се разликува од женскиот начин и тоа на повеќе начини, особено кога станува збор за љубовта. Кога работите се влошуваат, се чини дека мажите се опуштаат и престануваат да се трудат, а тогаш жените ги фаќа страв дека тие ќе ги напуштат.

Стравот кај жените предизвикува посесивност, праќање пораки, паничење и слично, а на тоа мажот реагира со повлекување, затоа што има чувство дека е во затвор. Наместо постојано да ги бркаат од себе, жените можеби треба да научат нешто и од машкиот начин на размислување.

Игнорирање

Кога мажите го прават тоа, тие не го прават тоа намерно – едноставно имаат работи на кои почесто мислат и приоритети кои сметаат дека во моментот им се поважни од жената. Да, не звучи океј, ама така е. Наместо да го молат за внимание, жените треба да направат нешто што мажите не го очекуваат – да им го одземат вниманието кое дотогаш им го давале. Ако не се запраша што е проблемот, значи дека не ви ни треба во животот.

Правете работи за себе

Кога мажот освојува, смета дека освојува жена која има свој живот и малку време за него. Сега кога го има времето на жената, веројатно не сака  да се труди толку затоа што знае дека може да ја има во секое време. Ако му го одземете времето и му дадете до знаење дека и понатаму мора да се труди ако сака да ве види, тој ќе добие впечаток дека повторно ја освојува истата жена која ја освојувал и претходно.

Оставете му простор

Многу жени мислат дека ако зголемат гледањето и моментите поминати заедно, тоа ќе помогне да се врати блискоста. Но, ова е погрешно. Треба да го направите токму спротивното – тргнете се од него и оставете му го просторот кој тој мисли дека му е потребен. Поголемиот дел жени мислат дека тоа е почеток на крајот, ако на мажот му треба простор, тоа значи дека не е заинтересиран, но, тоа најчесто не е така. Еднаш кога ќе почувствува дека не е окован во синџири, тој ќе посака да се врати на старото.