Што да очекуваме од првиот ретрограден Меркур за 2021?

Ова е првиот ретрограден Меркур за оваа година. 

Во периодот меѓу 13 октомври и 3 ноември 2020, планетата на комуникацијата, движењето и технологијата беше ретроградна од Шкорпија во Вага, носејќи ни недоразбирања и конфликти. 

Но, таа повторно го почнува своето ретроградно движење и тоа за прв пат во 2021 година на 30 јануари сè до 20 февруари.

Меркур ќе биде ретрограден три пати во 2021 година, а првото негово ретроградно движење се случува во знакот Водолија. Ова е тоа што треба да го знаете за да се подготвите.

Движејќи се ретроградно во фиксниот знак Водолија, кој е владетел на единаесеттата куќа на поврзување, можно е да се соочиме со потреба да бидеме сами. Но, иако Водолијата е хуманитарец и алтруистички знак, сепак таа е една од најтврдоглавите знаци во хороскопот. Можеби ќе се чувствуваме скептично, брзо преминувајќи од обична пријателска дебата до поголем конфликт кој носи непријатни ситуации. 

Ретроградниот Меркур во овој знак може да донесе и потреба да размислите за некои пријателства, но и да донесете брзи одлуки да ги прекинете. Можни се и проблеми со интернетот и технологијата, како и лошо разбрани пораки на социјалните мрежи. 

Ова ретроградно движење највеќе ќе го почувствуваат фиксните знаци Водолија, Бик, Лав и Шкорпија. 

Овен

Овој ретрограден Меркур го погодува вашето единаесетто поле на поврзување со другите, па бидете внимателни како ќе се однесувате особено во однос на тимската работа. Можни се и пораки од личност од минатото, стари колеги или пријатели.

Бик

Ретроградниот Меркур ќе ја погоди вашата десетта куќа на кариера, барајќи ви да го смените пристапот со кој се соочувате со обврските и работните задачи. Можеби ќе биде потребно да се навратите наназад и да се осигурате дека сте на вистинскиот пат.

Близнаци

Меркур е ретрограден во вашата деветта куќа на високо образование и авантури, носејќи ви потреба да се навратите на минатото и да направите значаен чекор напред во однос на вештините кои ви се потребни. Не дозволувајте да се чувствувате како да сте пропуштиле нешто, сега е времето да го надополните вашето знаење.

Рак

Ретроградното движење на Меркур ќе ја погоди вашата осма куќа на емоционални поврзувања и сексуална интимност, носејќи ви чудна енергија на овие полиња. Време е да бидете погласни во однос на вашите потреби.

Лав

Ретроградниот Меркур ќе се движи во вашата седма куќа на партнерства, барајќи ви да се соочите со проблемите кои стојат недопрени а постојано ги буткате под тепих. Време е да се соочите со блиските, еден на еден и да позборувате за сето тоа.

Девица

Ретроградното движење на Меркур ќе биде највеќе почувствувано во вашата шеста куќа на добросостојба и дневна рутина, што може да биде одличен момент за грижа на себеси. Но, внимавајте да не копате длабоко во себеси и да не се соочите со нешто за што не сте подготвени. 

Вага

Меркур се движи ретроградно погодувајќи ја вашата петта куќа на романса и изразување, што значи дека највеќе од сите знаци ќе добиете пораки од минатото. Веројатно е време да се навратите назад и да видите која личност заслужува засекогаш да остане таму, а која можеби заслужува втора шанса. Очекувајте полн инбокс со пораки.

Шкорпија

Со оглед на тоа што Меркур ќе се движи ретроградно во вашата четврта куќа на семеен живот, можно е да се свртите кон потребата за сигурност и семејниот живот. Време е за саканите и за некој семеен проект или реновирање во домот.

Стрелец

Со ретроградното движење на Меркур во вашата трета куќа на комуникација, можеби ќе се соочите со проблеми поврзани со недоразбирања, главоболки, па и проблеми со технологијата. Ова е добар период да најдете начин на смирување.

Јарец

За Јарците, ретроградното движење на Меркур се случува во втората куќа на приходи, со што ќе треба да бидете особено внимателни на ова поле. 

Водолија

Бидејќи Меркур е ретрограден во вашиот знак, ова ви носи можност за ваше лично ребрендирање. Ќе размислувате за тоа каква слика оставате пред другите и кои се вашите животни цели.

Риби

Вие се чувствувате пријатно во полето кое го покрива ретроградниот Меркур овој период, бидејќи е дванаесеттата куќа на духовност. Ќе бидете насочени кон спиритуалноста и наоѓање начини на смирување. Менталното здравје ќе ви биде на прво место.