Што да направите ако детето ве фати додека водите љубов?

Веројатно нема родители кои не стравуваат од можноста да се најдат во ваква ситуација и кои не се прашуваат што би направиле во случај детето да ги фати додека водат љубов. Најголемата грешка што можете да ја направите е да го игнорирате она што се случило без разлика колку би ви било непријатно да разговарате за вашата интимност со вашето дете.

Како да ја спречите ситуацијата детето да ве фати додека водите љубов?

  • Заклучете ја вратата од спалната соба. Ако детето не може да ја отвори втатата од собата во која мама и тато поминуваат време за себе, тогаш нема ни да може да го види она што и не е за неговите очи.

  • Со дете дома тешко е да се издвои време за интимност, но обидете се тоа биде барем половина час откако детето/децата ќе заспие/заспијат.

Немојте да се срамите да ја покажувате сопружничката блискост и поврзаност пред децата. Здраво е мама и тато да се допираат, да се гушкаат и бакнуваат пред децата затоа што тие треба да знаат дека се сакате. Тоа што детето ќе сфати дека мама и тато имаат емоции еден кон друг не е лоша работа – во тој случај нема да му биде толкав шок доколку ве начека за време на вашата интимна средба.

Ако се случи такво нешто, важно е да поразговарате за тоа, а што ќе кажете и како ќе одговорите на неговите прашања зависи од возраста на детето.

Следниве совети применете ги за деца помали од седум години:

  • Не го казнувајте детето затоа што ве фатило во „акција“.

  • Уверете го дека не сте лути поради тоа што се случило пред малку, но дека мама и тато сакале малку време за нив двајца и наредниот пат пред да влезе во собата да тропне на вратата.

  • Сексот е страствен па на детето може да му се чини дека тато и нанесува болка на мама или обратно. Објаснете му дека со тој чин еден на друг сте си покажувале љубов и дека никој не е повреден.

Додека на петгодишно дете нема да му биде јасно што сте правеле, на десетгодишно дете глетката може да му биде одбивна и можно е да одбива да разговара за тоа.

Во тој случај не инсистирајте, туку оставете го на мир. Ако детето поставува прашања, обидете се на нив да одговорите најдобро што можете, а не да го одбивате.

Со адекватна реакција кон чувствата на детето, ќе го направите првиот чекор со кој ќе ја пребродите оваа непријатна ситуација. Додека забележите, за многу краток временски период, детето ќе ја заборави.