Што ако ви затреба итна медицинска помош во странство?

Особено важно е пред секое патување во странство да се извади патничко осигурување. На тој начин ќе се заштитите од потенцијални трошоци за користење медицински услуги, кои во странство знаат да бидат со екстремни цени.

Ако го имаш патничкото со себе, а ти затреба медицинска помош додека си во странство, потребно е да се придржуваш до упатствата кои доаѓаат со полисата за патничко осигурување. Во најголем дел од компаниите тие се исти или слични.

Што треба да направите прво?

Веднаш јавите се во Дежурниот Центар на асистентската компанија чиј број е наведен на полисата од каде ќе ве упатат во најблиската медицинска установа. Бидите подготвени, на барање на операторот да ги дадете основните лични податоци, ваши или на оној кој има потреба од медицинска помош и да го оставите телефонскиот број на кој ќе ве контактираат. Потребно е и да ја појасните ситуацијата поради која барате итна медицинска помош.

По пристигнувањето кај лекар, покажете ја полисата кај лекарот кој можно е да ви понуди формулар кој мора да го пополните. По завршувањето на лекарскиот третман обезбедете ја документацијата од лекувањето која дава увид во добиените медицински услуги.

Доколку трошоците за здравствени услуги се во висина до 100 евра, се плаќаат на лице место, а истите ќе ви се надоместат по враќањето во земјата. За тоа е потребно да се извршиш пријава со достава на неколку документи најчесто фотокопија од пасош, медицински извештај, примерокот од полисата.

Исто така, важно е да се знае дека за целосно покритие според условите на Патничкото осигурување, важно е да ги почитувате процедурите на осигурителната компанија.