Полицијата вчера информираше дека во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.50 часот на автопатот Скопје -Куманово, во близина на клучка Хиподром, мотоцикл со штипски таблички ушравуван од 23-годишниот Д.И. од Штип излетал од автопатот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.